ФУДБАЛ

Точно една година како Лингард нема постигнато гол

Манчестер Јунајтед повторно загуби, а овој пат подобри од нив беа фудбалерите на Ватфорд.

Лингард имаше добра шанса додека беше 0 -0, но го промаши целиот гол.

Веднаш по натпреварот, беа објавени информации кога Лингард го постигна последниот гол, а тоа звучи неверојатно.

Поточно, последен пат кога Лингард ја затресе мрежата беше точно пред една година, на 22 декември 2018 година, а противник беше Кардиф.

Јунајтед славеше со високи 5-1, а Лингард постигна два гола, едниот спектакуларен и другиот од белата точка.

Немаше што да сугерира дека овој фудбалер ќе помине толку време во игра без постигнат гол, но тоа се случи.