Лука Модриќ иако е на залезот на кариерата, сепак игра на неверојатно ниво, а многумина сметаат дека најзаслужен за ова е Антонио Пинтус.
Модриќ веќе има 37 години, но се уште е на неверојатно ниво, а истото важи и за Тони Крос. Многумина се прашуваат како Модриќ и Крос продолжуваат да играат на вакво ниво, но се чини дека нивната тајна конечно е откриена.
Шпанска Марка реши да направи интервју со Антонио Пинтус, кој веќе извесно време е кондиционен тренер на Реал Мадрид и е задолжен да ги одржува играчите на кралскиот клуб во најдобра можна физичка форма.
Неговите тренинзи често беа во центарот на вниманието на јавноста, а тоа особено се однесува на летните подготовки каде на тренинзите го зема и последниот атом сила од играчите.
Сепак, сето тоа потоа дава неверојатни резултати во текот на сезоната, а тоа се покажа како совршен рецепт во претходните сезони во кои Реал Мадрид дава навистина одлични резултати.
60-годишникот и самиот е во одлична форма бидејќи секое утро трча околу 10 километри во Валдебебас, а потоа се посветува на работата во Реал Мадрид.
Пинтус откри дека е толку фокусиран на својата работа и играчите на Реал Мадрид што неговата сопруга често го кара поради тоа, па дури и додека се дружи со нив го потсетува дека не треба да мисли толку многу на работата.
„Многу пати кога си играм со децата, ми се случува да помислам на Модриќ и Крос. Мојата сопруга ми вели дека тоа се гледа на моето лице. Само ја слушам како вели: „Антонио не мисли на работа, биди со нас, со вашите мисли. Но, мора секогаш да размислувате како би завршиле со овие резултати“, рече Пинтус.
Во текот на кариерата работеше во многу клубови, а беше и во Италија, Англија и Франција. Тој истакнува дека секоја лига е многу различна.
„Сè зависи од клубот. Работата со играчите и она што го прават тренерите се сосема различни. Не можете навистина да ги споредувате сите тие клубови, но во Реал некако се е на свое место бидејќи знаете што секој од нас треба да направи, а ние се фокусираме само на нашата работа. Затоа овој клуб е успешен“.
No es ciencia nuclear dicen. Pero seguro q no tienen npi del para qué se hace esto y de qué sirve dentro del diseño de un plan de partido. A poco creen q todos los jugadores son iguales y pueden jugar todos los sistemas?pic.twitter.com/hGw1Q4Jyxu
— Ramón Raya M.💚 (@RAMONRAYA23) September 2, 2022
“Да се дојде во Реал е доста фолем предизвик бидејќи имав тешка задача. Играчите имаа многу проблеми со повредите и тоа се покажа. На мене беше да ги подготвам што е можно подобро и да избегнам повреди што е можно повеќе. Ние успеавме да го направи тоа, а на теренот тој резултат најдобро се гледа“, вели Пинтус.