Нов играч на Интер би требало да стане младиот фантастичен играч за врска Сандро Тонали, кој треба да потпише договор до 2025-та година. Младиот фудбалер наскоро и официјално ќе потпише договор, откако ги договорил личните услови, а Бреша и Интер наводно постигнале договор за обештетувањето, а сумата засега не е позната.
Тонали се поврзуваше со Барселона, Милан, а се спомнуваше како прва цел на новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло. Сепак, според информациите, тој го одбрал Интер.
Неговата плата ќе биде 3,5 милиони евра годишно.