ФУДБАЛ

Тој е врвен фудбалер, но одбивањето на таква понуда е прилично грубо

Германскиот репрезентативец Серж Гнабри (26) очигледно решил да го напушти Баерн.

26-годишниот фудбалер има уште една година договор со Баерн. Преговорите за продолжување не одат баш најдобро и Германецот очигледно е подготвен да го напушти клубот.

Доказ за тоа е веста дека Гнабри ја одби последната понуда на германскиот шампион. Баерн му понудил годишна плата од 19 милиони евра, но крилниот напаѓач наводно одбил.

Челниците на баварскиот гигант не се подготвени да му понудат повеќе пари. Ова е јасен знак дека Гнабри би можел да си замине, а најголем интерес за неговите услуги покажува Реал Мадрид. Арсенал и Ливерпул наводно се уште се во игра и ќе видиме дали навистина ќе го напушти Минхен.

Серж Гнабри потпиша за Баерн во 2017 година. По една година на позајмица во Хофенхајм, тој се врати во Минхен и се покажа како навистина неверојатен фудбалер.

Вкупно овој крилен напаѓач одигра 171 натпревар за баварскиот гигант и постигна 63 гола.

Германскиот репрезентативец покрај за Баерн и Хофенхајм настапуваше и за Вердер, ВБА и Арсенал.