Фудбалерите на ПСЖ синоќа на домашен терен го победија Реал Мадрид со 1-0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Парижаните во последните минути од натпреварот успеаја да го скршат отпорот на кралскиот клуб и да дојдат до победата, а херој беше неверојатниот Килијан Мбапе.
Мбапе постигна одличен гол за 1:0 во четвртата минута од судиското продолжение кога брилијантно ги „намами“ Милито и Лукас, а потоа го совлада Куртоа.
Францускиот напаѓач одигра одличен натпревар против веројатно неговиот иден клуб и уште еднаш покажа дека е навистина фантастичен играч.
Уште еден потег на Мбапе од вториот дел ги воодушеви сите. Со своите потези го надмудри Милито, кој се обиде да тргне по стапките на напаѓачот на ПСЖ, а потоа Мбапе едноставно „исчезна“.
Успеа да му побегне на Милито и да тргне по долга топка која Куртоа ја изби, а на крајот Мендеш не успеа да постигне гол.
Но, со овие движења Мбапе уште еднаш покажа колку е тешко да се задржи и ја покажа својата неверојатна брзина.