ФУДБАЛ

„Тој исчезна после болеста и повредата, а кога се врати беше огромен и ги „уби“ сите“

Ерлинг Халанд направи апсолутен хаос во фудбалскиот свет оваа сезона.

Одличниот Норвежанец кој има само 19 години е еден од најдобрите стрелци на Европа, а по дресот на Салцбург, голманите сега ги „малтретира“ во дресот на Борусија Дортмунд.

Халанд ја започна својата кариера во норвешкиот гигант Молде, а неговиот поранешен соиграч Рубен Габриелсен раскажа интересна приказна за развој на овој одличен фудбалер.

„Кога дојде во клубот во 2017 година беше низок и искрено, тој не беше толку добар. Си мислев, па, добро, тој би можел да игра во Норвешка“, рече 28-годишниот фудбалер на Тулуз и продолжи:

„Тогаш тој се разболе и се повреди во истиот момент и јас не го видов долго време. Кога се врати во клубот, беше „огромен“. Тој беше како животно и ги „уби“ сите на тренингот. Сите се смееја и се прашуваа кој е овој човек. Од тој момент започна неговото воздигнување“.

Габриелсен откри и една интересна работа за натпреварот во Норвешкото првенство.

„Во една прилика тој не успеа да постигне гол на тренинг седум дена. Кога слушнав дека тој треба да ја започне играта мислев: ’Нема шанса, како ќе играме со него во нападот?’ Тој постигна четири гола по 50 минути. Мислам дека тој ја научи важната лекција. Кога ќе дојдат тешки времиња, треба да се работи уште понапорно. Барем младите играчи можат да го почитуваат тоа“, рече Габриелсен.

Халанд има одиграно вкупно 33 натпревари оваа сезона и има постигнато 40 гола и девет асистенции.