ФУДБАЛ

Тој се коцка, се обложува на натпревари, суспендиран е на седум месеци, но Јувентус ќе му го продолжи договорот и ќе му ја зголеми платата?!

Фото: Soccer Football - Serie A - Inter Milan v Juventus - San Siro, Milan, Italy - March 19, 2023 Juventus' Nicolo Fagioli celebrates after the match REUTERS/Daniele Mascolo - UP1EJ3J1P4N2B

Повеќето италијански медиуми објавија денеска дека Јувентус договорил продолжување на соработката со својот 22-годишен играч за врска Николо Фаџиоли, кој се најде во центарот на скандалот со спортско обложување што оваа есен го тресе калчо фудбалот.

Фаџиоли неодамна беше суспендиран на седум месеци, откако ја потврди вистинитоста на обвинението поврзано со спортско обложување, но доби помала казна бидејќи соработуваше со истражните тела.

Италијанскиот фудбалер имаше важечки договор со Јувентус до јуни 2026 година, кој, според медиумите, сега е продолжен до јуни 2028.

Јувентус застана на страна на својот фудбалер и покрај неговата вмешаност во скандалот, и Фаџиоли и натаму редовно тренира со екипата од Торино.