ФУДБАЛ

Тој сè уште е играч на Барселона, но тие не се заинтересирани за него: „Не е мој проблем што ќе се случи со нив“

Жан-Клер Тодибо пристигна на почетокот на 2019 година како голема надеж од Тулуз во Барселона.

Барселона го донесе овој фудбалер откако тој помина само половина година во првиот тим на Тулуз, и не успеа да се наметне во каталонскиот клуб.

Тодибо дури и не се однесуваше како професионалец во одредени ситуации и клубот го испрати ова лето на позајмица во Бенфика. Но, тој беше таму само неколку месеци и се врати во јануари.

Сепак, Роналд Куман му рече дека не смета на него и го испрати во Ница на позајмица. Сето ова го налути овој 21-годишен дефанзивец, кој за француските медиуми изјави дека веќе воопшто не ја следи Барселона.

“Искрено, не ме интересираат работите што се случуваат во Барселона во моментов. Гледам натпревар од време на време, бидејќи моите француски пријатели како Оусман Дембеле, Климент Ленглет и Самуел Умтити играат таму, но јас не ја следам Барса поинаку” рече Тодибо на реваншот ПСЖ – Барселона.

“Реваншот на Барса против ПСЖ? Мене тоа воопшто не ме интересира. Или ќе се извлече од тоа или ќе биде елиминирана, тоа не е мојот проблем”.