Дури и птиците на гранката знаат дека Барселона има големи финансиски проблеми.
Последниот голем трансфер Каталонците го направија минатата зима кога на Ноу Камп од Манчестер Сити пристигна Феран Торес.
Торес со трансфер вреден 55 милиони евра практично ја опустоши касата на каталонскиот гигант, додека на теренот беше доста скромен.
Успеа да постигне шест гола во полусезоната, па донекаде ги оправда вложените пари, иако очекувањата од него се многу поголеми.
Се очекува Торес да експлодира во новата сезона, но ситуацијата не е многу ветувачка со оглед на денешните случувања.
Имено, на својот прв тренинг на стартот од подготовките, 22-годишникот се повреди и сега го чека пауза.
Шпанецот ја повреди десната нога, а Барселона најави дека од ден на ден ќе го следи неговиот статус за да дознае повеќе детали.
Торес сигурно ќе го пропушти првиот тест во новата сезона и пријателскиот против Олот, но неговото патување на турнејата во САД е доведено во прашање.