Фудбалерот од средниот ред на ПСЖ Адриан Рабиот би можел да го напушти клубот ова лето.
Неколку големи англиски клубови покажуваат интерес за овој фудбалер, а најмногу се поврзува со Јувентус и Барселона.
Тренерот на ПСЖ Томас Тухел има јасен став по прашањето Рабиот. Може да остане и да се прилагоди на стилот на играта, но ако сака може и да замине.
„Тој ќе донесе одлука. Се е до него и ќе го има последниот збор кога е во прашање трансфер. Може да остане и да се прилагоди на стилот на играта, а може да замине и да се обиде во друг клуб“, рече Тухел.
Рабиот ги помина младинските селекции на парискиот тим, а покрај овој тим има настапувано само на кратко, на позајмица во Тулус.