Арсен Венгер знаеше како да донесе одлични фудбалери во својата тренерска кариера во Арсенал, но знаеше и да направи сериозни грешки со засилувањата.
Еден од играчите кој беше неуспех во ерата на Венгер во Арсенал е Чу-Јанг Парк кој пристигна во Арсенал од Монако летото 2011 година за седум милиони евра.
Од овој играч од Јужна Кореја се очекуваше многу на „Емирати“, но тој се покажа како еден од најголемите неуспеси во историјата на клубот. Парк тогаш имаше неколку други понуди, но реши да замине во Арсенал и на секој начин сакаше тој трансфер да се реализира.
Парк тогаш имаше понуда од Лил и се чинеше дека оди во овој клуб, но Венгер успеа да им ја украде пред носот. Тој беше пред потпис за Лил, но потоа го напушти хотелот каде што требаше да изврши лекарски преглед, бидејќи слушна дека Арсенал сака да го донесе.
Водачите на Лил видоа дека просторијата на Парк е празна и тргнаа да го бркаат. Го нашле на терминалот пред да се качат на возот за Лондон и биле во шок кога го нашле таму.
Парк им објасни дека не сака да потпише за Лил и дека ќе замине во Арсенал. На крајот успеа да дојде во Лондон, но потпишувањето за Арсенал беше грешка во неговата кариера. Парк беше едноставно под неговото ниво, и многу брзо ја изгуби довербата на Венгер.
Тој одигра само шест натпревари во првата сезона, а имаше и воен рок што требаше да го стори во својата татковина. Подоцна играше на позајмица во Селта и Ватфорд, а го напушти Арсенал летото 2014 година.
Подоцна помина една година во Саудиска Арабија во Шабаб и моментално е член на Сеул од Јужна Кореја за кој играше пет години. Парк денес има 35 години и се очекува да ја заврши кариерата на крајот од оваа сезона.
Неговата кариера можеше да биде навистина брилијантна, но една погрешна одлука го чинеше сè и после тоа не успеа да се врати на своето ниво.