ФУДБАЛ

Тој веќе е отпишан во Арсенал, а сега би можел да направи трансфер на кариерата

Арсенал убедливо со 4-1 го победи Лидс на гости, а во составот повторно го немаше Пјер-Емерик Обамејанг.

Обамејанг веќе десет дена е надвор од првиот тим на Арсенал бидејќи Микел Артета реши да го суспендира поради кршење на дисциплината.

Габонецот ги пропушти претходните три натпревари на лондонскиот клуб, а му беше одземена капитенската лента, а прашање е кога Артета ќе реши да го врати во конкуренција за натпреварите на Арсенал.

Англиските медиуми веќе почнаа да шпекулираат дека Арсенал во јануари ќе се обиде да го продаде Обамејанг бидејќи односите меѓу него и Артета се сериозно нарушени.

Утрово за напаѓачот на Арсенал пишуваше и Тутоспорт и објави дека Јувентус покажал голем интерес за доведување на Аубамејанг во јануарскиот преоден рок.

Старата дама сака да ја искористи лошата ситуација на Обамејанг во клубот бидејќи веруваат дека можат да го доведат без многу мака, а Јуве е подготвен да понуди околу 15 милиони евра за Габонецот.

32-годишниот напаѓач има договор со „топчиите“ до летото 2023 година, а Арсенал пред четири години го донесе од Дортмунд за цели 64 милиони евра.

Досега оваа сезона за Арсенал одигра 15 натпревари во сите натпреварувања, а успеа да постигне седум гола.