Синоќа, Монако и ПСЖ одиграа фантастично дерби во рамките на 11-тото коло во Лига 1, за на крајот клубот од Кнежевството да слави со 3: 2.
ПСЖ водеше со 2-0 по првото полувреме и се чинеше дека ќе се вратат во Париз со три бода, но тоа не се случи.
Фудбалерите на Монако одиграа фантастично во продолжението од мечот и дојдоа до пресврт, а на крајот победија со 3:2.
Во фокусот на натпреварот беше Килијан Мбапе кој постигна два гола за ПСЖ против поранешниот клуб. Но, она што ги разбесни навивачите е фактот дека Мбапе ги прослави головите, иако тој се прослави играјќи за Монако.
Очигледно, тоа беше дополнителен мотив за играчите на Монако, а прославата на голот на Мбапе предизвика само погрешен ефект.
Kylian Mbappé a célébré son but en embrassant le logo du PSG 😘 #ASMPSG pic.twitter.com/rYiC4wdzAj
— BeFootball (@_BeFootball) November 20, 2020