ФУДБАЛ

Толку беше исплашен од коронавирусот што возеше 27 часа без да запре!

Пандемијата на коронавирус предизвика паника и страв кај многумина. Фудбалерот на Селга Виго, Пионе Систо беше толку исплашен што возеше 27 часа без пауза.

Систо некако успеа да избега од Виго затоа што сакаше да се врати во Копенхаген со сите сили. Иако немаше дозвола од клубот, овој играч од средниот ред се реши да патува со автомобил од едниот крај на другиот крај на Европа.

Со овој потег репрезентативецот на Данска го прекрши клупскиот кодекс и при неговото враќање во клубот сигурно се очекува да биде казнет, ​​но ова е во целост во втор план.

Овој 25-годишник беше толку многу во паника што, откако прогласи пандемија на коронавирус, се качи во возилото и патуваше 3.000 км. Тој возеше нон стоп 27 часа.

Тој го направи овој потег, со оглед дека сите летови беа откажани порано во Шпанија, така што тој немаше друг избор освен да се пресели во данската престолнина со автомобил.

Тој постигна два гола на 19 натпревари во Ла Лига оваа сезона.

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига