Интер утре вечер игра реванш против Бенфика во Милано. Имаат голема шанса да се пласираат во полуфиналето на ЛШ бидејќи славеа со 2:0 на првиот меч. ЛШ и Купот е единственото поле кое може да ја спаси сезоната, бидеќи во моментов Интер е на петтото место на табелата, со очајна форма.
Колку е очаен тимот и колку тренерот Инзаги нема контрола врз играчите, покажа снимка од денешниот момент кога Онана и Брозовиќ се фатија за гуша, но Дамброзио и Лукаку реагираа и ги разделија.
