ФУДБАЛ

Томас Милер го постави рекордот на Бундеслигата

Напаѓачот на Баерн, Томас Милер продолжи да се одликува и сега влезе во страниците од историјата на Бундеслигата.

Тој му помогна на Роберт Левандовски за третиот гол во победата од 5:0 против Фортун Дизелдорф и со тоа стигна до 19-та асистенција во 29-от меч.

Тој на тој начин постави нов рекорд во Бундеслигата за бројот на асистенции по 29 кола, а освен тоа, Милер има седум гола на негова сметка.

Иако повеќето лиги не се играат поради пандемијата на коронавирус, важно е да се истакне дека германскиот фудбалер во моментов е првиот асистент на Стариот континент пред Кевин Де Брујн кој има 17 асистенции.

Да додадеме дека Милер неодамна го продолжи договорот со Баварците до 2023 година и во моментов е 30 години. Тој го направи своето деби за првиот тим на Баварците во август 2008 година.

 

ПОВРЗАНО

Бундеслига