Италијанецот во својата прва сезона го однесе Баерн до титулата во Бундеслигата, но во Лигата на шампионите запре во четвртфиналето, а лошиот старт на оваа сезона го чинеше отказ во најтрофејниот германски клуб.
Томас Тухел и Јулијан Нагелсман се водечки кандидати за нов тренер на Баерн Минхен, но работа би можеле во славниот клуб да добијат и Нико Ковач или Јирген Клоп.
За привремен тренер на Баерн (М) е именувам досегашниот асистен на Анчелоти, Вили Сањол, а доколку Баварците немаат многу доверба во него и не планираат да го задржат на таа позиција до крајот на сезоната, тогаш пред нив е еден очигледен кандидат кој би требало да го изберат.