Менаџерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, зборуваше за медиумите во пресрет на големата четвртфинална пресметка во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Германскиот стручњак го пофали својот колега Пеп Гвардиола, но во исто време истакна дека Баварците се подготвени на се, истакнувајќи дека има искуство во Премиер лигата и знае што да очекува од „граѓаните“.
„Го анализиравме Сити во последните недели за претстојниот натпревар. Мислам дека знаеме што да очекуваме. Не смееме да дозволиме Сити да доминира со нас“, рече Тухел .
„Пеп Гвардиола наметнува свој стил на своите тимови. Тоа што го прави е посебно. Ќе се обидеме да најдеме решенија со и без топка. Ни треба добар и незаборавен настап“, додаде тренерот на Баерн .
Манчестер Сити денеска (11 април) од 21:00 часот на „Етихад“ го пречекува Баерн Минхен.
