Фудбалерот на Вест Хем, Томас Соучек денеска го продолжи договорот со лондонскиот клуб до јуни 2027 година. Чувствувам дека сега ова е мојот дом и сакам да постигнам повеќе успеси со овој голем клуб. Тој одигра 182 натпревари и постигна 30 гола за лондонскиот клуб откако дојде од Славија Прага во јануари 2020 година.
„Доаѓањето во Англија беше ново искуство за мене, имавме многу успеси “, додаде 28-годишниот чешки фудбалер.
Вест Хем минатата сезона ја освои Конференциската лига, прв трофеј по 43 години, а моментално е шести на табелата во Премиер лигата.
