Фудбалерот на Њукасл и италијански репрезентативец Сандро Тонали е под истрага поради нелегално обложување на фудбалски натпревари. Поради прекршокот што го направи, може да добие забрана за игра во период од една година и четири месеци, со дополнителни 16 месеци условна, пишуваат La Stampa и Il Mesađero.
Тонали е под истрага за обложување на фудбалски натпревари, како и неговите колеги Николо Заниоло и Николо Фаџоли – неговата казна е веќе позната и ќе биде суспендиран на седум месеци.
Се очекува играчот од средниот ред на Њукасл да биде поостро казнет од Фаџоли, кој како олеснителна околност го земаа со тоа што признал се и ги разоткрил непознатите детали од аферата.
Тонали соработувал и со органите на правдата и признал дека се обложувал на натпревари на Милан додека бил дел од тој клуб, но само на натпревари каде што не бил дел од тимот.
Фудбалерот од средниот ред роден 2000 година играше за трофејниот клуб од 2021 година до претходното лето, кога му се приклучи на Њукасл во трансфер вреден 64 милиони евра.
Максималната казна што може да ја изрече италијанското обвинителство за ова дело е тригодишна суспензија. Се очекува пресудата да биде официјализирана до крајот на октомври.
Тонали израснал во Пјаќенца, но пред сениорското деби играл и во младинската академија на Бреша. Во тој клуб доживеа афирмација, а потоа продолжи да го засилува Милан. За италијанската репрезентација играше 15 пати.
