ФУДБАЛ

Тони Крос по три години се врати во репрезентација

Тони Крос се враќа во германската репрезентација речиси три години по неговиот последен настап за неа. Враќањето на искусниот 34-годишен играч за врска на Реал Мадрид беше голема желба на новиот тренер Џулијан Нагелсман, кој во септември минатата година ја презеде клупата на Германија.

Пред неколку недели Крос се согласи да се врати, а сега и официјално е на списокот на Нагелсман за претстојните пријателски натпревари со Франција на 23 март и со Холандија три дена подоцна, а очигледно ќе се бори за место на ЕП кое ќе се одржи оваа лето во Германија.

Крос дебитираше за Германија во 2010 година под водство на Јоаким Лев и оттогаш одигра 106 натпревари и постигна 17 голови. Последен пат го облече дресот на репрезентацијата на Евро 2020, одржано во 2021 година, каде Германија во осминафиналето беше елиминирана од Англија.