ФУДБАЛ

Тони Крос покажа како изгледа вечерата на шампионот, па сите беа загрижени: „Ќе се претвориш во Азар“ (ФОТО)

Вчера вечер Реал Мадрид го совлада Виљареал со 2:0 и со тоа ја обезбеди 34-та титула на Шпанија пред крајот на првенството.

Реал Мадрид заслужено го освои првенството во Шпанија, а фудбалерите на Реал започнаа да слават веднаш штом судијата го одбележа крајот, иако овој пат беше малку поразлично затоа што немаше навивачи.

Секој имаше свој начин на славење, а Тони Крос се опушти, па нареди плескавица со помфрит и парче кашкавал со опис: „Вечера на шампионите“.

Фановите на шега напишале дека треба да престане да јаде ваква храна затоа што наскоро би можел да се претвори во Еден Азар. Со оглед на тоа како играше Белгиецот по пристигнувањето од Челзи и откако се здебели, јасно е зошто навивачите се загрижени дека Германецот би можел да добие неколку килограми повеќе поради брзата храна, што може да влијае на неговите игри.

Патем, Крос беше многу важен играч на „Кралевите“ во текот на сезоната и е еден од оние на кои се темели успехот на мадридскиот тим.

https://www.instagram.com/p/CCuQ5R0K3ON/?utm_source=ig_embed