Тони Крос со години е еден од клучните играчи на Реал Мадрид. Не така одамна, германскиот играч за врска беше поврзуван со трансфер во Манчестер Сити следното лето, но тогаш се појавија вести дека тој планира да се пензионира на крајот од оваа сезона.
Сепак, Флорентино Перез, првиот човек на европскиот и шпански првак, сака да ги осигура неговите услуги барем уште една година.
Германецот има одлични односи со претседателот на Реал Мадрид и неговиот план би бил да се пензионира како професионален играч на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Новинарот Флоријан Плетенберг тврди дека Крос ќе ја промени својата одлука и ќе ја одложи пензионијата само доколку постигне договор да продолжи да игра за Кралскиот клуб.
Флорентино Перез планира да му предложи да потпише нов договор за сезоната 2023/2024, пишува исто така цитираниот извор. Доколку двете страни не се договорат, тогаш Тони Крос најверојатно ќе се повлече од фудбалот.
Да потсетиме, минатата година Крос реши да се повлече од германската репрезентација со која стана светски шампион во 2014 година во Бразил.