ФУДБАЛ

Торино фуриозно влезе во 2022: Фиорентина се смрзна (ВИДЕО)

Торино ја совлада Фиорентина со 4-0 во 21. коло во италијанската Серија А.

Првиот гол го видовме во 19. минута, а Синго погоди за водство на домашните.

https://streamable.com/g9dhh1

Само четири минути подоцна на семафорот 2:0, а погоди Брекало.

https://streamable.com/lxw40d

Хрватскиот напаѓач не застана тука, па во 31. минута постигна уште еден гол, 3:0.

https://streamable.com/s2q3rg

Второто полувреме ни носи само уште еден гол во мрежата на Фиорентина, а во 58. минута нивната судбина ја запечати Санабрија.

Душан Влаховиќ не ја продолжи голгетерската серија, а дефанзивците на Торино одлично се снајдоа и ги запреа него и неговите избраници. Српскиот напаѓач излезе во 73. минута.

Со оваа победа Торино се искачи на деветтото место на табелата со 28 бодови, додека Фиорентина е шеста со четири бода повеќе.

Во следното коло Торино гостува кај Сампдорија, додека Фиорентина ќе ја пречека Џенова.

 

 

ПОВРЗАНО

Серија А