Деветтото коло во Серија А беше отворено со победата на Торино против Џенова со резултат 3:2.
Торино насилно влезе во натпреварот и поведе во 14. минута со голот на Санабрија, а по само половина час игра домаќинот имаше два гола предност. Побега беше стрелецот овој пат.
Во 59. минута ВАР го поништи голот на Линети за 3:0 поради прекршокот кој претходеше на голот, а десет минути подоцна Џенова ја намали разликата преку Дестро.
Јосип Брекало беше тој што го врати Торино на два гола предност. Се играше во 77. минута кога хрватскиот интернационалец ја затресе мрежата.
Конечниот резултат го постави голот на Кајсед во 81. минута.
Пандев на овој натпревар одигра само 10 минути, влезе во игра во 79. минута како замена за Дестро.
Торино на тој начин конечно ја прекина серијата без победа и сега има 11 бода на десеттото место. Џенова е претпоследна со шест бода.