Ситуацијата во соблекувалната на Барселона е лоша по поразот од 4:1 на домашен терен од ПСЖ. Некои фудбалри го напуштиле стадионот без да се поздрават, а каталонските медиуми пишуваат дека Роналд Куман полека ја губи контролата.
Веќе наводно се зборува и за смена на Куман, а судејќи според коментарите и она што го објавија каталонските медиуми незадоволство од тренерот изразиле најискусните, меѓу нив и најдобриот Меси. Што ќе се случи останува да видиме.