ФУДБАЛ

Тотален хаос во Париз: Братот на ѕвездата на Ливерпул и неговата бремена сопруга се сокриа пред стадионот (ВИДЕО)

Организаторите на финалето од Лигата на шампионите се најдоа во големи проблеми и мораа во два наврати да го одложат почетокот на натпреварот.

Ливерпул и Реал Мадрид требаше да го започнат финалниот натпревар во 21 часот, но поради доцнење на навивачите на англискиот клуб натпреварот сега е продолжен до 21 часот и 30 минути.

Големи нереди се случуваат пред стадионот каде навивачите на Ливерпул кои дојдоа во Париз без билети на секој начин се обидуваат да влезат на стадионот.

 

Француските медиуми објавија дека полицијата морала да реагира и да пушти солзавец за да ги смири нередите, а наводно голем број навивачи успеале да влезат на стадионот иако немаат билети.

Оние со влезници сега не можат да влезат поради големиот број навивачи на трибините, а особено на западната трибина каде што се навивачите на црвените, што е навистина неверојатно што се случува на ваков натпревар.

 

Исто така, беше објавено дека проблеми имал и братот на играчот на Ливерпул, Џоел Матип, Марвин, кој со семејството дошол во Париз да го гледа натпреварот.

 

Поради солзавецот морал да побегне и да се крие со семејството, а особено да ја заштити сопругата која е бремена. Навистина нереални сцени пред стадионот во Париз.