Тотенхем вечерва успеа да го победи Брајтон со 2-0 во 16. коло од ПЛ.
Лондонскиот клуб беше подобар противник од почетокот на натпреварот, и успеа да постигне нови три бода.
Првата шанса Тотенхем ја имаше во петтата минута кога Кејн го искористи проигрувањето на домашниот голман и му ја украде топката, но потоа промаши празен гол од само неколку метри.
Сепак Брајтон не успеваше долго да ја задржи предноста. Тотенхем успеа да поведе со 1:0 во 37. минута.
Кулушевски шутираше од некои 18 метри, а топката на патот кон голот го фати Ромеро и го измами домашниот голман и заврши во мрежата на Брајтон.
Тотенхем на овој натпревар го заврши натпреварот во 57. минута. Бентанкур забележа асистенција за Кејн, кој овојпат беше многу попрецизен и погоди за 2:0, што беше и конечниот резултат на овој натпревар.
По оваа победа Тотенхем сега е седми со 48 бодови, но има само четири бода помалку од Арсенал кој е четврти. Брајтон е на 13. место со 33 бодови.