ФУДБАЛ

Тотенхем доби нов ривал на два дена пред натпреварот во Премиер лигата

Коронавирусот предизвика доста хаос во распоредот на Тотенхем.

Спарс неодамна го откажаа натпреварот против Фулам, каде забележаа случаи на коронавирус, а сега е откажан и нивниот натпревар против Астон Вила, кој беше закажан за во среда.

Огромен број играчи на Вила се позитивни на коронавирус. Како резултат, првотимците го пропуштија натпреварот од ФА Купот против Ливерпул, а натпреварот против Спарс сега е откажан.

Два дена пред натпреварот, Премиер лигата одлучи да го смени ривалот на тимот на Жозе Мурињо. Тој ќе игра против Фулам во среда, додека натпреварот со Вилја ќе се игра подоцна.

Во Фулам се бесни на оваа одлука. Не очекуваа за два дена да одиграат натпревар против Тотенхем, и ова е навистина неверојатна одлука.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига