Тотенхем покажува интерес за sвездата на Реал Мадрид, Иско.
Според англиските медиуми, Спарс гледаат на Шпанецот како соодветна замена за играчот од средниот ред Кристијан Ериксен.
Ериксен одби нов договор барајќи нов предизвик и според шпекулациите ќе се пресели во Реал Мадрид за време на зимскиот трансфер период.
Тотенхем му понуди на Данецот 60 милиони евра да останат, но понудата не е прифатена.
Има шпекулации дека Тотенхем гледа во ѕвездата на Спортинг, Бруно Фернандес, но тренерот Маурисио Покетино се предомислил покажувајќи интерес за sвездата на Реал, Иско.
Иско има постигнато 35 гола на 187 настапи за „Лос Бланкос“ и се очекува да игра на следниот натпревар против Мајорка.