Ден пред последното коло во Премиер лигата, Тотенхем ги претстави дресовите за новата сезона.
Покрај главниот, беше претставен и дресот на голманот, а првите коментари на навивачите беа позитивни.
A fresh look for 2021/22! 😎
⤵️ Check out our new @nikefootball home kit.#THFC ⚪️ #COYS
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) May 24, 2021
Главна тема во Тотенхем последните денови е можното заминување на Хари Кејн.
Тој има желба да ги напушти Спарс, а се споменува и трансфер во Манчестер Јунајтед.
Во интервју за англиските медиуми, одличниот напаѓач потврди дека сака да го напушти клубот и дека за тоа ќе разговара со првиот човек на Спарс, Даниел Леви.
“Ќе разговараме, тоа е сигурно. Се надевам дека по 16 години имаме добри односи и дека можеме да зборуваме искрено за сè”, рече Кејн и продолжи:
“Сакам да играм во Лигата на шампионите. Сакам да бидам дел од големите игри. Никогаш не реков дека ќе останам засекогаш во Спарс, но не реков дека ќе заминам. Исто така, не сакам да жалам за нешто на крајот од мојата кариера “.
Манчестер Сити е еден од клубовите кои би сакале да го гледаат Кејн во своите редови. Тој не крие дека би сакал да игра со Кевин де Бруин.
“Кевин Де Брујн е навистина посебен фудбалер. Искрено, кога ќе ги видам топките што им ги дава на играчите на Сити, тие се сон на секој напаѓач. Прекрасен играч со најдобро чувство за асистенција што сум го видел”, истакна Кејн.
Челзи исто така беше поврзуван со 27-годишниот напаѓач. Наводно, Сините се подготвени да понудат голема размена, но раководството на Спарс нема намера да прави бизнис со голем ривал.
Ако го напушти клубот, Кејн скоро сигурно може да заврши во Манчестер Сити кој се во потрага по напаѓач кој ќе го замени Серхио Агуеро.
Одличниот напаѓач одигра 334 натпревари за Спарс и постигна феноменални 220 гола.