ФУДБАЛ

Тотенхем го блокираше летот на Кејн за Минхен

Иако во суштина се е готово, Тотенхем се обидува  до последната секунда да го блокира заминувањето на Хари Кејн во Минхен.

Како што објави германскиот огранок на Sky Sports, Кејн моментално е во автомобил на аеродромот и не може да се качи во авионот, бидејќи Тотенхем му ја укина дозволата на играчот да замине. Очигледно, тие сепак би преговарале.

„Пејачите“ сега му го попречуваат летот на Кејн за Минхен, каде ќе ги помине медицинските тестови и ќе потпише четиригодишен договор со Баерн. Нивниот неодамнешен капитен и капитен на Англија седи во возило и ја чека својата судбина.

Да потсетиме, Кејн наведе дека сака да го знае неговиот статус до почетокот на првото коло од Премиер лигата и на крајот Тотенхем попушти по бројните одбиени понуди од Баварците во текот на летото.

Сега кога го пуштаат, не го пуштаат да си оди од Лондон достоинствено и мирно, туку турбуленции.

 

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига