Играчот од средниот ред на Тотенхем, Муса Дембеле во наредните денови треба официјално да премине во Пекинг Гуан. „BBC“ објави дека вредноста на трансферот изнесува 11 милиони фунти.
Белгијецот не играше за Спарс, откако го повреди зглобот во натпреварот против Вулвс во ноември, а неговиот договор истекува на лето.
За неговиот трансфер во Кина се напишува со денови, а менаџерот Маурисио Покетино неодамна изјави дека не знае дали ќе дојде трансферот.
Дембеле одигра вкупно 243 натпревари во Премиер лигата, постигна 12 гола и 12 асистенции. На Тотенхем му се приклучи во 2012 година, по две сезони во Фулам.