Фудбалерите на Тотенхем победија на гостувањето кај Стоук во четвртфиналето од ЕФЛ купот.
Гостите беа апсолутни фаворити, но победата не дојде лесно како што се очекуваше.
Добро му одеше на Тотенхем бидејќи во 22-та минута поведоа со 0: 1 преку Бејл, и со тој резултат заминаа на одмор.
Во второто полувреме поточно во 53. минута Томпсон погоди за израмнување на Стоук. Сепак, гостите успеаја да постигнат два гола до крајот на играта.
Најпрво Дејвис погоди за 1: 2 во 70-та минута, а конечниот резултат го постави Хари Кејн во 81. минута од натпреварот.