Хрватскиот играч од дефанзивец се очекува да го напушти Ливерпул ова лето, а има понуди од Италија, Шпанија, Германија и Франција
Дејан Ловрен ќе го напушти Ливерпул на крајот на оваа сезона.
Хрватскиот одбранбен играч не наоѓа место во тимот на Јирген Клоп и неговото заминување се чини неизбежно.
Според „Team Talk“, светскиот вицешампион со Хрватска сепак би можел да продолжи да игра во Премиер лигата.
Дефанзивецот го разбуди интересот на другите англиски клубови, Тотенхем и Арсенал.
Тимови од Италија, Шпанија, Германија и Франција, исто така, изразија интерес за хрватскиот претставник, но најверојатно битката ќе ја водат Тотенхем и Арсенал.