Јан Вертонген и голманот Мишел Ворм остануваат во Тотенхем до крајот на оваа сезона.
Договорите на двајцата членови истекуваа на 30 јуни, но двајцата се согласија да ја довршат сезоната со тимот на Тотенхем.
Имаше и опција Вертонген веднаш да замине, бидејќи има сериозен интерес од италијанските клубови во Серија „А“.Сепак, Белгиецот одлучи да му помогне на Тотенхем до самиот крај на сезоната, што е многу добра вест за Жозе Мурињо.
Ворм (36) беше ослободен од Тотенхем минатото лето, но потоа лондонскиот тим го врати со договор до крајот на сезоната, поради сериозната повреда на актуелниот голман Уго Лорис.
Тотенхем, исто така, потврди дека Дани Роуз и Кајл Вокер-Петерс, кои играат на позајмица во Њукасл и Саутемптон, исто така, ќе ја завршат сезоната во нивните сегашни клубови.