Маурисио Почетино заработи околу 20 милиони фунти за отказот од тренерската позиција на Тотенхем – слично како Жозе Мурињо кога беше отпуштен од Манчестер Јунајтед.
Британскиот весник „Мирор“ пренесува дека газдите на Тотенхем биле присилени да му дадат на Почетино и на неговиот персонал голема сума пари бидејќи биле отпуштени пред да истече договорот.
Почетино и целиот персонал потпишаа нови петгодишни договори во мај 2018 година, а британските медиуми објавија дека Почетино не е подготвен да го напушти лондонскиот клуб без да добие обештетување.