Навивачите на Тотенхем ја совладаа Астон Вила со 3:2 минатиот викенд во 26-то коло од Премиер лигата.
Херој на лондонскиот клуб беше Сон Хеунг-Мин кој постигна гол за победа во четвртата минута од судиското надополнување. Сепак, по натпреварот, Сон се пожали на болка во десната рака и беше упатен на подетални прегледи.
Тотенхем утринава излезе со лоши вести и дознал дека Сон мора да оди на операција. Тој добил скршеница на десната рака и мора на операција, и ќе биде неколку недели надвор од терените, а не е прецизирано кога ќе се врати.
Сон е еден од најважните играчи во составот на Жозе Мурињо и сигурно ова е голем удар за Тотенхем. Тој досега има одиграно 32 натпревари на сите натпреварувања, постигнувајќи 16 голови и девет асистенции.
Injury update on Heung-Min Son.
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) February 18, 2020