Според информациите кои доаѓаат од Англија, Тотенхем од Бенфика ќе го позајми Карлос Винициус, до летото 2021 година со можност за откуп за 45 милиони евра. Договорот е постигнат и се очекува наскоро и официјално Бразилецот да биде промовиран во Лондон. За него беше заинтересиран Манчестер Јунајтед, но во трката излезе побрз Тотенхем.
Претходно Винициус играше за Рио Аве, Монако и Гремио. Минатата сезона за Бенфика одигра 32 меча и постигна 18 голови.