ФУДБАЛ

Тотенхем се надева дека ќе го врати Модриќ

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, по истекот на договорот со шпанскиот гигант би можел да го носи дресот на неговиот поранешен клуб Тотенхем . Според Ел Национал, Хрватот одбил две понуди од МЛС, но е подготвен сериозно да ја разгледа опцијата за враќање во Северен Лондон.

37 – годишниот Модриќ има договор со Реал до лето и сигурно ќе добие понуда да го продолжи. Сепак, не е исклучено тој да избере да се пресели во Тотенхем , каде имаше успешен период помеѓу 2008 и 2012 година.

Во тековната сезона искусниот играч за врска има 14 натпревари и 3 гола за Лос Бланкос во сите натпреварувања. Неговата статистика како играч на Тотенхем вклучува 160 натпревари и 17 голови.

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, вчера изјави дека верува оти Модриќ сигурно нема да се откаже од репрезентацијата по Светското првенство во 2022 година.

„Мислам дека Светското првенство нема да биде последниот голем настан на Лука . Има сила да игра фудбал на највисоко ниво уште најмалку 2-3 години“, изјави Далиќ.