ФУДБАЛ

Тотенхем веќе најде замена за Ериксен: ПСЖ доби понуда од 40 милиони евра

Кристијан Ериксен веројатно ќе го напушти Тотенхем ова лето.

Данецот веќе долго време се поврзуваше со Реал Мадрид, а неодамна самиот рече дека е “време за нешто ново”.

Тотенхем веќе почна да бара замена за Ериксен, а англиските медиуми велат дека испратија понуда од 40 милиони евра до ПСЖ за Дракслер.

Во 2017 година, Дракслер пристигна од Волфсбург во ПСЖ за 36 милиони евра, а оваа сезона започна од првата минута во 22 од 32 лигашки натпревари и постигнал три гола и осум асистенции.

Тој игра иста позиција како Ериксен во Тотенхем, но неговата плата може да биде проблем за Тотенхем кој не троши пари.

Тотенхем, исто така, продолжува да се бори за играчот на Бетис, Џовани Ло Целза откако понудата од 62 милиони фунти беше одбиена, а Аргентинецот рече дека би сакал да се приклучи на Тотенхем и се очекува тоа да се случи што поскоро.