ФУДБАЛ

Тотенхем загуби на зелената маса и го заврши настапот во Конференциската лига

Нема да го гледаме англискиот Тотенхем во Конференциската лига на УЕФА подоцна во сезоната.

Имено, натпреварот помеѓу Тотенхем и Рен беше одложен, а требаше да се одигра на 9 декември.

Причината беше пандемијата на коронавирус, односно англиската екипа имаше осум играчи заразени со коронавирус и пет членови на стручниот штаб.

Постоеше можност натпреварот да се одржи подоцна, но тоа нема да се случи.

УЕФА одлучи да го регистрира натпреварот со 3-0 за Рен.

Рен уште од претходно помина понатаму, а сега му се придружува и холандски Витесе.

Се очекува и реакцијата на англискиот тим.