ФУДБАЛ

Тоти сакаше да промаши пенал на последниот натпревар за Рома: „Ни кажа каде ќе ја шутне топката“

Франческо Тоти во 2017 година реши да ги остави копачките, а целата своја кариера ја помина во дресот на Рома.

Тоти за Рома дебитираше во далечната 1993 година и речиси 25 години настапуваше за првиот тим на римскиот клуб, а се очекува да биде играчот со најмногу настапи и голови во историјата на Рома.

Тој реши да се пензионира во летото 2017 година, иако не е тајна дека сакаше да игра уште една сезона. Сепак, Рома не му го понуди договорот кој го очекуваше, а на крајот ја доби единствената понуда да биде директор на оваа екипа.

Тоти на крајот го прифати ова бидејќи не сакаше на грд начин да се збогува со клубот во кој ја помина целата своја кариера, а последниот меч го одигра на Олимпико против Џенова кога Рома победи со 3:2.

По натпреварот цел стадион го скандираше неговото име, а повеќето навивачи не можеа да ги сокријат солзите додека се збогуваше нивната најголема легенда.

Тоти се расплака и додека се збогуваше со навивачите, а најмногу остана пред трибината на која се наоѓаат најжестоките навивачи на Рома.

Колку Тоти имаше љубов кон клубот и навивачите најдобро покажа неговиот соиграч во тоа време Хуан Жесус. Бразилецот во еден разговор откри дека Тоти дури сакал да промаши пенал на последниот натпревар доколку му се укаже шанса за тоа.

„Пред неговиот последен натпревар за Рома, тој разговараше со нас во соблекувалната и рече дека би сакал да добиеме пенал на тој натпревар. Тогаш сите бевме изненадени кога ни кажа дека ќе го промаши тој пенал и објасни зошто“, рече Хуан Хесус и додаде.

„Тој не сакаше да постигне гол од белата точка и неговата желба беше да ја шутира топката далеку над пречката за да оди на трибината каде што беа најжестоките навивач. Па, таква љубов имаше за тој клуб. Жал ми е што неговата желба на крајот не се оствари, таа не се оствари“.

По завршувањето на кариерата Тоти ја прифати директорската функција во Рома, но таму не остана долго. Поради несогласувања со челниците на клубот, тој ја напушти Рома и тогаш призна дека тоа бил еден од најтешките моменти во неговиот живот.

Откако ја напушти Рома, тој реши да се посвети на менаџерската работа и основаше своја агенција, која работи и денес. Навивачите се надеваат на негово враќање во Рома бидејќи таму има место, но како што стојат работите нема да има ништо барем во блиска иднина.