ФУДБАЛ

Традицијата пред парите: Серхио Рамос на лето во Англија!

Серхио Рамос може да избере каде ќе ја продолжи кариерата, но скоро е сигурно дека нема да биде во Мадрид.

Договорот на Рамос истекува на лето и тој наводно не се договорил со Реал за продолжување на соработката. Во Мадрид веруваат дека е време за промени и помлади играчи, па шпанскиот репрезентативец ќе го напушти клубот по 16 години.

Неговиот брат Рене Рамос во моментов преговара со голем број клубови и првата опција е да влезе во атрактивна Премиер лига, а Манчестер јунајтед е најверојатната дестинација.

Рамос имаше богати понуди од Азија, кои веднаш ги одби затоа што не сакаше да ја напушти Европа, како и неговото семејство, а наводно парите на ПСЖ не му се интересни затоа што сака повторно да биде дел од клуб со голема традиција.

Значи, ако веќе сакате да играте во еден таков клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед е вистинскиот избор. Медиумите во Англија веќе најавуваат преддоговор што би бил потпишан, а од летото Рамос би патувал за Англија.

Рамос би имал плата од над 200.000 евра неделно во Јунајтед, а освен Јунајтед, кој веќе преговара, наводно интерес покажале и Манчестер Сити и Ливерпул, но според извори блиски до играчот, Црвените ѓаволи се во пол позиција.

Рамос освои четири титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, пет во Ла Лига, и беше светски шампион со Шпанија во 2010 година. Тој го освои Европското првенство со Шпанија во 2008 и 2012 година.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаЛа Лига