ФУДБАЛ

Трагедија на мечот меѓу Динамо и Севиља

Динамо синоќа не можеше да стигне до поминување на реваншот од Европската лига против Севиља.

Беше 1:0 за тимот од Загреб, а Севиља по првиот меч и победата од 3:1 продолжува понатаму.

Динамо имаше свои шанси за 2:0 и продолженија, но Шпанците се бранеа и можат да бидат задоволни.

На „Максимир“ владееше добра атмосфера, но по мечот пристигна тажна вест.

Еден навивач почина од срцев удар, што по натпреварот го потврди и тренерот на Динамо, Жељко Копиќ.

Тој изрази сочувство до семејството.

Се се случи на јужната трибина кога на еден навивач му се слоши и изгуби свест. Со брза интервенција на лекарот му била укажана прва помош, стигнал во болница, но не бил спасен.