Светот на боречките вештини беше шокиран од веста за бруталното убиство на повеќекратниот светски шампион во џиу џицу, Русинот Видадија Марданов. Борецот беше убиен на 32-годишна возраст.
Тој е убиен во понеделникот вечерта пред неговата куќа во Дарбент, јавуваат руските медиуми.
Тој бил застрелан околу четири часот наутро кога бил повикан да ја напушти куќата. Потоа пукале во него и побегнале, велат од истрагата.
Следуваше брза реакција на полицијата. Русинот беше и претседател на NFC MMA борбената лига, која служеше за развој на млади борци пред да се приклучи и да потпише со посилни ММА организации.
Полицијата пристигнала на местото на настанот и на улица пронашла тело на маж, а набрзо ги идентификувале и напаѓачите кои побегнале со автомобил Лада.
Според руските медиуми, станува збор за Тимур Асадом (27) и Абдумуслим Мртазалиев (23). Се уште не е позната причината за ова брутално убиство. Истрагата е во тек.
