ФУДБАЛ

Трагедија во Франција, елитен судија почина на 42 годишна возраст

Познатиот судија Јан Хамел починал како последица на мозочен удар за време на тренинг. Вчера како и многу пати претходно излегол на тренинг, меѓутоа набрзо му се слошило и се срушил на теренот.

Лекарите интервенирале, меѓутоа можеле само да ја потврдат cмртта која настанала како последица од мозочен удар.

Изминатиов викенд тој беше дел од судиската екипа на пресметката помеѓу ПСЖ и Оксер кој „светците“ го добија со 5:0, на овој дуел беше главен во ВАР собата.