ФУДБАЛ

Трагедија во Германија: Почина фудбалер на Борусија, летово потпиша договор

Трагедијата ја снајде Германија.

Жорди Бонгард, 20-годишниот фудбалер на Борусија Менхенгладбах загина во сообраќајна несреќа.

Бонгард беше голем талент на Борусија, ги мина сите категории на клубот, а летово потпиша професионален договор со тимот од Гладбах.

Оваа вест ги потресе сите во Германија, а Бонгард одигра и девет натпревари за јуниорските репрезентации на Германија.

Собра преку 100 настапи за младинските екипи на Борусија, а играше и како стопер.

Поради споменатата трагедија, раководството на клубот ги откажа сите активности, како и прес-конференцијата пред следниот натпревар, а на семејството на повредениот млад човек му изразија длабоко сочувство.