ФУДБАЛ

ТРАГЕДИЈА ВО КАТАР: Навивач загина на Светското првенство

Навивачот на репрезентацијата на Велс, Кевин Дејвис, починал во Катар, јавуваат британските медиуми.

Овој 62-годишник беше на историскиот Мундијал кога со пријателите и синот пристигна неговата репрезентација. Според информациите, тој починал од природна смрт.

По повод оваа трагична вест се огласи и Фудбалскиот сојуз на Велс.

– Испраќаме најдлабоко сочувство до семејството на Кевин. Во постојан контакт сме со нив и тука сме да им помогнеме за што и да им треба – се вели во соопштението.

Репрезентацијата на Велс досега не се прослави на Светското првенство и има минимални шанси да се пласира во нокаут фазата. За тоа ќе и треба победа над Англичаните и да се надева дека ќе се поклопи резултатот од мечот меѓу Иран и Америка.

Засега по две кола имаат само еден бод, откако по ремито со Америка беа поразени од Иран со 2:0, голови во судиското надополнување.