Познатиот рели возач Кен Блок загинал, објавија американските медиуми. Како што пренесуваат тие, тој со пријателите бил на планина да вози санка по снегот, а ја возел по голема стрмнина, при што во еден момент загубил контрола и санката паднала врз него.
American rally driving legend Ken Block has died in a snowmobile accident at the age of 55https://t.co/dySBlFEQ3w
— talkSPORT (@talkSPORT) January 3, 2023
55-годишникот бил на возење со пријателите, но во моментот на несреќата немало никој со него. Тој беше познат вљубеник во екстремните спортови. Се натпреваруваше уште во скејтбординг, сноубординг и мотокрос на тешки терени.
